BG MK 2017

Во рамките на пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ по програмата за прекуграничната соработка меѓу Македонија и Бугарија, Текстилното Трговско Здружение - Текстилен кластер и партнерот од Бугарија здружението Браншова организация за текстил и облекло, ја организираа првата работна средба помеѓу текстилните компании членки на двете здруженија.

Средбата се одржа на 11 и 12 март 2017 година во Штип. Во склоп на настанот се одржа дводневна работилница на тема "Креирање Визија за регионот", а предавачи беа експерти од компанијата УМФ Тренинг. Целта на работилницата беше креирање на Регионална визија за компаниите од индустријата и составување на Регионален одбор за развој на регионот. На средбата беа идентификувани мислењата на претставниците на текстилните компании од Македонија и Бугарија за моменталната состојба во секторот во пограничниот регион, беа дефинирани проблемите со кои се соочуваат, силните и слабите страни, дефинираа како тие се гледаат во иднина односно како го замислуваат регионот, што сакаат да постигнат и како пограничниот регион во следните 5 години сакаат да биде виден и препознаен од страна на локалната популација, бизнис секторот и националните и интернационалните партнери. Сите овие размислувања ќе помогнат во креирањето на Регионалната визија од страна на експертите.

На работилницата беа дефинираа и "Regional points of difference", точки кои укажуваат на спецификите на пограничниот регион МК/БГ со кој тој се разликува од останатите и учесниците се обидоа да креираат визија како истиот да се презентира на пазарите.

На вториот ден од настанот, на 12 март 2017, се одржа Работна сесија на која се сумираа донесените заклучоци од работилницата, и експертите заедно со текстилните компании од Македонија ги финализирале предлозите, коментарите и заклучоците за креирање на Регионалната визија на регинот.

Една од целите на овој пограничен проект е македонските и бугарските компании заедно да ги надминат проблемите со заеднички настап на трети пазари а воедно и со регионално здружување. Регионалната визија која ќе биде креирана има за цел да го промовира пограничниот регион како место каде можат да се добијат услуги во изработка на секаков вид облека, а се размислува и за можноста за креирање на заеднички бренд. И македонските и бугарските компании имаат визија на странскиот пазар да се претстават заеднички, за квалитетот што се нуди сметаат дека би им помогнало реномето што го имаат кај партнерите, бидејќи и двете компании шијат текстил за најпознати светски марки.

На крајот на настанот, се формираше и Одбор за регионален развој (RDB), кое претставува неформално тело, составено од претставници од двете здруженија и претставници на текстилните компании од македонска и бугарска страна. Целта на Одборот за регионален развој е да дефинира и да воспостават критериуми за развој на индустријата кои ќе помогнат текстилниот сектор да се позиционира во регионот согласност визијата која ќе биде креирана, а и да ја промовира текстилната индустрија во регионот. Исто така, ќе има за цел да ги спроведува активностите утврдени во Акциониот план и да обезбеди поголем ангажман и вклученост од страна на другите компании во овој сектор. Тој ќе биде главниот двигател на креираната Регионална визија. Членовите на одборот потпишаа изјава за посветеност со која се задолжуваат да учествуваат во сите предвидени активности како и да го дистрибуираат стекнатото знаење меѓу сите заинтересирани страни.

207-03-21 01
207-03-21 02
207-03-21 03
207-03-21 04
207-03-21 05
207-03-21 06
207-03-21 08
207-03-21 09
207-03-21 12
207-03-21 14
207-03-21 15
207-03-21 16
207-03-21 17
207-03-21 18
207-03-21 19
207-03-21 20

Note

This project section has been produced with the assistance of the European Union through the Interreg-IPA CBC Bulgaria-the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme, CCI No 2014TC16I5CB006. The contents of this section are the sole responsibility of Textile and Clothes Branch Organization and can in no way be taken to reflect the views of the European Union or the Managing Authority of the Programme.

Useful relationships